Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ставрески: Да запре одливот на капитал од Македонија

Ставрески: Да запре одливот на капитал од Македонија
Министерот за финасии Зоран Ставрески денеска на дебатата „Актуелни состојби во финансискиот сектор и нивното влијание врз развојот на економијата“, потенцираше негативни тенденции во насока на одлив на пари од компании кои работат во земјава кон матичните земји. Ставрески посочи дека доколку продолжи ваквото темпо, тоа може да се одрази врз македонската економија.

„Банките мајки во Македонија врзшат притисок врз банките во земјава да ја намалат кредитната активност. Оваа појава економски гледано не е оправдана, бидејќи банките ќерки што работат во Македонија се најпрофитабилни делови од тие банкарски системи. И во тој контекст сметам дека заеднички ќе се направат напори тоа да не се случува или да не се случува во изразит обем. Ова е значајно бидејќи макаедонската економија е мала и не би сакале негативни ефекти од други економии да се пренесат кај нас“, изјави министерот за финасии Зоран Ставрески.

 
Слично

Поврзани вести