Ставрески: Брисел и Москва да се договорат – Македонија не се откажува од „Јужен тек“
Министерот за финансии Зоран Ставрески е дециден, Македонија ќе продолжи со реализацијата на Јужен тек, така што е најавено. Тој ги повика Брисел и Москва, да отворат директен дијалог за решавање на сите прашања кои, како што изјави, Европската комисија ги потегна во однос на реализацијата на овој крупен меѓународен проект.
Проектот освен што има големо општествено и економско значење, Ставрески смета дека е значаен и за подобрување на конкурентноста на економиите од државите што се дел од него.
„Очекувам преку директен дијалог, Европската комисија и Гаспром да ги решат отворените прашања“, истакна Ставрески запрашан на оваа тема, откако свечено пушти две локални улици во Кочани.
Спорот меѓу „Гаспром“ и Европската Унија настана кога ЕК побара земјите членки на Унијата и земјите се дел од евроинтегративните процеси, да ги ревидираат договорите потпишани со „Гаспром“, кои не се во согласност со прописите на Европската енергетска зедница.
Од „Гаспром“ одговорија дека немаат намера да годговорат позитивно на ова барање. Според информациите од рускиот нафтен гигант, стандардна пракса е големите прекугранични инвестиции да се поддржат со меѓудржавни договори како би се обезбедила правна сигурност и стабилност за инвеститорите. Оваа изјава беше дадена пред неколку дена откако заменик генералниот директор за внатрешниот енергетски пазар во Европската комисија, Клаус Дитер Борхарт, на конференцијата за „Јужен тек“ изјави дека билатералните договори кои руски Гаспром ги склучил со земјите вкучени во Јужен тек, меѓу кои и Македонија, се спротивни на прописите со ЕУ и дека за нив тие земји мора повторно да преговараат.
Проектот Јужен тек е тежок 16 милијарди евра, а според најавите треба да се финализира до 2018 година. И Македонија со крак треба да се приклучи кон „Јужен тек“, но се уште не се знае дали кракот ќе докде преку Србија или од Бугарија.
Слично
