Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТАВ РАМАДАН РАМАДАНИ: На Груевски не му помогнаа спиновите од Косово и Албанија, Ахмети го сочува својот интерес

СТАВ РАМАДАН РАМАДАНИ: На Груевски не му помогнаа спиновите од Косово и Албанија, Ахмети го сочува својот интерес

„Вчерашниот пораз на Груевски да обезбеди мнозинство за влада е негов пораз во партијата во која е лидер, но и пораз пред своите коалициони партнери кои и вчера навечер ги собра надевајќи дека сепак ќе успее“, вака во изјава за Фактор аналитичарот при Институтот за Слободна Мисла „Нисма“ Рамадан Рамадани го оценува пропаднатиот обид на екс премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ да состави влада, како и одлуката која ја донесе лидерот на највлијателната албанска партија ДУИ.

Според Рамадани, ова воедно е и пораз на поддржувачите на Груевски внатре во  ДУИ и во Албанија и Косово.

„Воедно ова е пораз и на неговите подржувачи внатре во ДУИ и во Албанија и Косово кои цели недели преку спинови во делот на јавноста на албански јазик се трудеа тој да успее во тоа. Сега следат последици од овој тежок пораз врз поранешниот мандатар и во односите внатре неговата партија и со коалиционите партнери. ДУИ бивајќи во дилема помеѓу Груевски или сопствената партија сепак се одлучи за себе и пред се заради редовните локални избори кои се веднаш сега на пролет“, посочи аналитичарот.

Рамадани вели дека она што и престои деновиве на Македонија се обиди да се конституира мнозинство во собрание кое ќе доведе до нова реформска влада.

И.С.

Слично

Поврзани вести