Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТАТУС КВО: Договор за СЈО уште нема

СТАТУС КВО: Договор за СЈО уште нема

Договор за СЈО и денеска не е постигнат. 

Претставниците на власта и опозицијата, кои учествуваа на вечерашната средба во Министерството за правда, во врска со Законот за јавно обвинителство, изјавија дека разговорите продолжуваат и дека е оставен простор за консултации. Ќе биде утврден нов термин за средба.

„Клучните разлики се во статусот на СЈО и во употребата на аудио материјалите.  Се договоривме да се извршат консултации во делот на тоа каде би можело да има придвижување за да најдеме простор за заедничко носење на законот. Така што денеска нема некој посебен напредок со кој може да се пофалиме“, изјави министерката за правда, Рената Дескоска-Треневска.

Таа се надева дека законот ќе биде донесен пред изборите.

„Работиме на обезбедување мнозинство од 80 пратеници“, изјави Дескоска. 

Таа додаде дека се разговара со сите пратенички групи. Соопшти дека денеска имале средба со Беса и Алијанса на Албанците.

Слично

Поврзани вести