Статуа на Вудро Вилсон пред општина Чаир
По повод 100 годишнината на Версајскиот Договор кој го означи завршувањето на Првата Светска Војна, Општина Чаир ќе одржи Свечената Академија во чест на познатата историска личност од тој период. По тој повод ќе биде откриена статуа на поранешниот претседател на САД, Вудро Вилсон, пред административната зграда на Општина Чаир.
Присутни на овој настан од големо значење ќе биде делегација од Градот Стентон кое е родното место на Претседателот Вилсон, познати државни личности и претставници на дипломатскиот кор.
„Претседателот Вилсон во текот на Париската Мировна Конференција која финален резултат го имаше потпишувањето на Версајскиот Договор, застана во заштита на правото на малите држави на Балканот за самоопределување и слобода“, соопшти општина Чаир.
