Статива од гол уби деветнаесетгодишно момче
Б.С.(19) од липковското село Ропаљце починал од повредите со кои се здобил кога врз него паднала статива од гол на фудбалски стадион во Сарај.
Тој околу 14 часот додека бил на стадионот во Сарај, се фатил со рацете за стативата од голот, по што таа се скршила и паднала врз неговата глава.
Момчето со тешка повреда на главата вчера попладне било донесено со приватно возило во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде што и починало, информираа од МВР.
Полицијата работи на расчистување на случајот.
Слично
