СТАТИСТИКИТЕ СЕ ПОГУБНИ: Maкедонија станува земја на пензионери
Според статистички податоци, 32 општини во последниот
квартал минатата година имале негативен природен прираст, односно таму има повеќе починати отколку
живородени.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2017 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 2.3% и изнесува 5 352 живородени деца.
Во Скопје се родиле 1 578 деца, а починале 1 233 луѓе. Во Битола се родиле 218 деца, а починале 299 лица. Во Куманово се родиле 281 дете, а починале 252 луѓе.
Во помалите места демографските податоци се многу лоши. Во Македонски Брод се родиле 14, а умреле 29 луѓе. Во Неготино се родиле 46, а починале 56 луѓе. Во Свети Николе се родиле 34, а починале 48 луѓе. Во Струмица се родиле 163 деца, а починале 183 луѓе. Во Штип се родиле 111 деца, а починале 121 лице. Во Ресен има родени 35 бебиња, а починале 50 луѓе. Во Пробиштип се родиле 24, а починале 54 луѓе.
Последниот попис од далечната 2002 покажал дека во Македонија постојат 147 села без ниту
еден жител, од 1767 населени места, 160 места имале едвај 10 жители.
