Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТАТИСТИКА: Што прават Македонците во слободно време?

СТАТИСТИКА: Што прават Македонците во слободно време?

Македонците најголем дел или третина од времето во денот го поминува на спиење. Статистичките податоци покажуваат дека 36 проценти од времето граѓанинот го троши на спиење.

На слободни активности отпаѓаат 22 проценти од времето, по 10 проценти на домашни активности и вработеност, девет проценти на јадење и пиење, по четири проценти на патување и школување и еден процент на останати активности.

Два часа и 30 минути македонскиот граѓанин троши на главна и дополнителна работа, вкучувајќи ги и кратките паузи за време на работата, патувањето за време на работата, прекувремената работа и патувањето поврзано со вработеност, службен пат, семинар и друго.

Два часа и 25 минути на домашни активности како подготвување храна, миење садови, чистење на станот, перење, пеглање, рачни изработки, градинарство, грижа за домашни миленичиња. Тука спаѓаат и активности поврзани со домаќинството како што е градење и поправка, купување и разни услуги, грижа за деца.

Македонскиот граѓани јаде и пие просечно два часа и 14 минути, 56 минути за лична хигиена, грижа за сопственото здравје, интимни односи, како активности што се вршат бесплатно за член од семејството, роднина, пријател или слично.

Педесет и две минути од времето просечно се троши за патување кое вклучува пат од и до работа, патување поврзано со школување, патување поврзано со купување и услуги, со грижа за децата или друга грижа за домаќинството, поатување поврзано со дружење, патување поврзано со реализација на хоби, спорт, одмор.

Податоците од анкетата на Државниот завод за статистика ја прикажуваат традиционалната поделба на работите меѓу мажите и жените. Мажите поголем дел од времето го поминуваат на платена работа, додека кај жените, домашните активности одземаат најголем дел од времето.

И кога се вработени повторно жените предводат во домашните активности со голем процент. Вработените жени учествуваат со 14 проценти за разлика од вработените мажи кои учествуваат со само пет отсто во тие активности.

Слично

Поврзани вести