Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТАТИСТИКА: Просечно еден граѓанин во Македонија јаде 70 килограми леб

СТАТИСТИКА: Просечно еден граѓанин во Македонија јаде 70 килограми леб

Просечно еден граѓанин во Македонија јаде 70 килограми леб,  29,9 килограми компир, девет килограми пилешко месо, 7,3 килограми ориз, 13,1 килограми јаболки, 10,5 килограми лубеница, 11,5 килограми зелка, 19,7 килограми пиперки и 14 килограми домати, покажуваат статистички податоци. 

Македонците јаделе по 5,4 килограми макарони, и 182 јајца во годината.

Од морската храна најмногу јадат ослиќ 4,3 килограми, свежа пастрмка 0,6, и свеж крап и црвеноперка по 0,2 килограми. Сардини во зејтин конзумираат просечно по 0,3 килограми, а туна 0,4 килограми.

Според анкетата, граѓаните воопшто не конзумираат тестенини во сос, говедска печеница, замрзнато овошје, ананас во конзерва и компот.

Сирење јадат просечно по 6,7 килограми годишно. Млеко во тетрапак годишно еден граѓанин пие во просек по 24,3 литри, јогурт 13,8 литри, кисело млеко пет, кисела павлака 1,5, овошен јогурт 0,3, урда и кашкавал по три килограми и топено сирење 0,3 килограми.

Просечно годишно еден македонски граѓанин пие по 23,9 литри газиран сок, 19,4 литри минерална вода, 9,4 литри пиво, 5,5 кашести овошни сокови, 1,9 литри вино, 0,7 литри природна ракија. 

Пушачите во текот на годината  пушат во просек по 40 кутии, а кафе еден граѓанин троши просечно 2,3 килограми. Чоколадо годишно јадат по 1,1 килограм.

Слично

Поврзани вести