Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТАТИСТИКА: Повеќе разводи, повеќе бракови, и помалку новороденчиња

СТАТИСТИКА: Повеќе разводи, повеќе бракови, и помалку новороденчиња

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во второто тримесечје  од 2017 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 7.2% и изнесува 5205  живородени деца. 

Бројот на умрените лица во второто тримесечје од 2017 година бележи намалување од 6.1% во споредба со  истото тримесечје од 2016 година и изнесува 4544 лицa, а од нив 54 се умрени доенчиња. 

Природниот прираст изнесува 661 лицe, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е поголем од  бројот на умрените лица. 

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината бележи зголемување за 7,8 % во споредба со  истиот период од 2016 година и изнесува 3447 бракови. 

Разведените бракови во ова тримесечје од годината бележат зголемување од 13,5% во споредба со истиот период од 2016 година и бројот изнесува 436.

Во Скопје се родени 1502 деца, во Битола 218, Велес 128, Гостивар 167, Кичево 116, Куманово 277, Липково 102, Охрид 167, Прилеп 157, Тетово 284, Штип 107, Струмица 135, Струга 177, Кавадарци 96, Дебар 55 бебиња. 

Слично

Поврзани вести