Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТАТИСТИКА: Повеќе превезени патници - кој вид на превоз доминира?

СТАТИСТИКА: Повеќе превезени патници - кој вид на превоз доминира?

Во првото тримесечје од 2017 година, во однос на  истиот период лани вкупниот број на превезени патници во патниот патнички превоз е зголемен  за 6.5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. 

Според видот на превозот, бројот на превезени патници во градскиот превоз е зголемен за 1.4%,  во приградскиот превоз за 15.9%, во меѓународниот превоз за 23.8%, додека во меѓуградскиот превоз  намалувањето изнесува 0.8%.  

Во однос на четвртото тримесечје од 2016 година, вкупниот број на превезени патници е намален за 0.9%.  Според видот на превозот, бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за 7.3%, во приградскиот  превоз е зголемен за 11.3%, во меѓународниот превоз за 4.5%, додека во меѓуградскиот превоз намалувањето изнесува 6.9%.  

Во првото тримесечје од 2017 година, во однос на истиот период од 2016 година, вкупниот број на патнички километри во патниот патнички превоз е зголемен за 14.7%. Според видот на превозот, бројот на патничките  километри во градскиот превоз е зголемен за 7.8%, во приградскиот превоз за 18.6%, во меѓународниот превоз за 40.3%, додека во меѓуградскиот превоз е намален за 2.8%. 

Во однос на четвртото тримесечје од 2016 година, вкупниот број на патнички километри е зголемен за 14.7%. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 14.2%, во приградскиот превоз за 35.8%, во меѓународниот превоз за 27.7%, додека во меѓуградскиот превоз e намален за 12.1%.

Слично

Поврзани вести