Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТАТИСТИКА: Помалку склучени бракови и повеќе разводи

СТАТИСТИКА: Помалку склучени бракови и повеќе разводи

Во последниот квартал лани се склучени 2 922 бракови.

Бројот на склучените бракови во последното тримесечје од 2016 годината е намален за 15.4% во споредба со истиот период од 2015 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на разведените бракови во ова тримесечје од 2016 година е зголемен за 7.9% во споредба со истиот период од 2015 година и изнесува 720 разведени бракови.

Во Скопје имало 674 бракови и 223 разводи. 

Во Гостивар се склучени 135 бракови, а се развеле 43 брачни двојки. 

Кавадарци има 50 бракови и 15 разводи. 

Куманово има 144 бракови и 18 разводи. Во соседната општина Липково има 60 бракови и 6 разводи. 

Прилеп има 130 склучени бракови и 31 развод. 

Во Тетово имало 167 бракови и 68 разводи. 

Во Штип се склучени 46 бракови, а имало и 26 разводи во тој период. 

Во ова тримесечје разводи немало во Чашка, Чешиново - Облешево, Центар Жупа, Старо Нагоричане, Ранковце, Пехчево, Могила, Лозово, Кривогаштани, Крива Паланка, Конче, Зрновци, Зелениково, Демир Капија, Демир Хисар, Делчево, Дебарца и Вевчани. 

Слично

Поврзани вести