СТАТИСТИКА: Помалку градби, ама со поголема вредност
Вкупно 140 одобренија за градба се издадени во јануари годинава, што е за 22,7% помалку во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Најголем број од издадените одобренија се за објекти од високоградба - дури 80,8%, додека 12,1% се за објекти од нискоградба, а 7,1% за реконструкција на објекти. Во овие објекти ќе се изградат 632 стана со вкупна корисна површина од 43.778 м2.
И покрај намалениот број на издадени дозволи, вредноста на објектите што ќе се градат е значително поголема. Предвидената вредност на објектите изнесува 2 458 386 илјади денари, што е за 47.4% повеќе во однос на истиот месец од минатата година.
Од вкупно 140 објекти, на 102 како инвеститори се јавуваат физички лица, а во 38 објекти ќе инвестираат претпријатија, покажуваат статистичките податоци.
Слично
