Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТАТИСТИКА НА ПОЛИЦИЈАТА: 79 лица не ја почитувале забраната за движење

СТАТИСТИКА НА ПОЛИЦИЈАТА: 79 лица не ја почитувале забраната за движење

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР, по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 79 лица не ја почитувале забраната за движење. 

Приведени се 42 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така, според статистичките податоци на 97 лица им се издадени решенија за изолација, а 423 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолацијаи не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката. 

Maкедонија до понеделник до 5 часот е во карантин. 

Слично

Поврзани вести