СТАТИСТИКА НА Google Maps: Половина од Македонците се уште одат на работа
Половина од Македонците се уште одат на работа.
Гугл подготви извештај за да им помогне на службените лица во јавното здравство да ги разберат насоките на социјалната дистанца поврзана со COVID-19. Овој извештај не треба да се користи за медицинска дијагностика, прогноза или цели за третман. Ова исто така не е наменето да се користи како насока за планови за лични патувања.
Точноста на локацијата и разбирањето на категоризираните места варира од регион до регион, на пример рурални наспроти градски области.
Во период од 16 февруари до 29 март има намалување на движењето.

На места како ресторани, кафулиња, трговски центри, тематски паркови, музеи, библиотеки, кина има пад во наредениот период за 74 отсто.

На пазари, складишта за храна, зелени пазари, специјализирани продавници за храна, продавници за лекови, и аптеки е регистриран пад од 41 отсто.

За места како јавен превоз, центри како што се метрото, автобусот и железничките станици, падот е 69 отсто.
Трендови на мобилност за работни места имаат пад од 51 отсто.
Трендовите на мобилност до местата на живеење имаат раст за 18 отсто.
Ова се бројките кои ја отсликуваат состојбата во Македонија.
Детали можете да видите овде.
