Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТАТИСТИКА: Кој регион се соочува со најголема миграција?

СТАТИСТИКА: Кој регион се соочува со најголема миграција?

Податоците за внатрешните миграции, во рамките на еден регион, покажуваат дека најголемо учество од  35 % имаат преселбите од село во град.

Во вкупните миграции на ниво на регион од село во град, најголемо учество има Источниот регион со 46.8%,  додека во Полошкиот регион најголемо учество имаат меѓуселските преселби со 58.3%, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. 

Салдото на надворешните миграции е најголемо во Скопскиот регион, а најмало во Полошкиот регион.

Во Вардарскиот регион вкупно доселени има  255 лица, а отселени се 466 лица. 

Во Источниот се доселиле вкупно 260 лица, а се иселиле вкупно 466. 

Во Југозападниот регион се доселиле 298, а се иселиле 378 лица. 

205 лица се доселиле во Југоисточниот регион, а се иселиле 306 луѓе. 

Во Пелагонискиот регион се доселиле 279, а се иселиле 448 луѓе. 

210 се доселиле во Полошкиот регион, а се иселиле 367 лица. 

Во Североисточниот регион се доселиле 188 лица, а се отселиле 460 лица. 

Во Скопскиот регион се доселиле 1767, а се иселиле вкупно 571 лице. 

Слично

Поврзани вести