СТАТИСТИКА: Kaко стоиме со наталитет, склучени бракови и разводи?
Помалку родени деца, помалку разводи, и повеќе склучени бракови имало во Македонија во последниот квартал лани.
Бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2017 година, во споредба со истиот период лани е намален за 2.3% и изнесува 5 352 живородени деца.
1578 деца се родени во Скопје, во Битола 218, во Велес 151, 172 во Гостивар, 114 во Кавадарци, 281 во Куманово, 118 во Охрид, 188 во Прилеп, 163 во Струга и Струмица, 318 во Тетово, 111 во Штип. Во помалите места бројот на новороденчиња е значително помал.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2017 година бележи намалување од 12.6% во споредба со истото тримесечје од 2016 година и изнесува 4 848 лицa, а од нив 36 се умрени доенчиња.
Природниот прираст изнесува 504 лица, што значи дека за толку лица е поголем бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
Во ова тримесечје од 2017 година бројот на склучените бракови е 3 119, што претставува зголемување за 6.9% во споредба со истиот период од 2016 година.
Бројот на разведените бракови во ова тримесечје е 590, што претставува намалување од 9.8% во споредба со истиот период од 2016 година.
Во Скопје имало 134 разводи, 31 во Гостивар, 24 во Куманово, 36 во Прилеп, 23 во Струга, 24 во Струмица, 23 во Тетово, 29 во Штип, 19 во Охрид, 9 во Радовиш, Неготино 6, Дебар 14, 16 во Кавадарци, 28 во Кочани.
Но, има и општини каде воопшто немало разводи како Арачиново, Демир Хисар, Зелениково, Јегуновце, Кичево, Крива Паланка, Крушево, Лозово, Маврово - Ростуше, Македонски Брод, Новаци, Пехчево, Пласница, Ранковце, Ресен, Росоман, Сопиште, и Студеничани.