Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стартуваше пробниот попис, ова се општините каде ќе се попишува

Стартуваше пробниот попис, ова се општините каде ќе се попишува

Стартува пробниот попис на населението, со кој ќе бидат опфатени 13 општини. 

Попишувањето се врши електронски, а попишувачите со лаптопи поврзани преку интернет конекција директно во посебна апликација ги внесуваат податоците. Вработените во Државниот завод за статистика вчера беа во Општина Кисела Вода, која е една од општините каде ќе се спроведува пописот. Тие велат дека единствено ќе им треба матичниот број од граѓанинот, а дека целта на пробниот попис е да се провери веб апликацијата и интернет конекцијата.

Секој попишувач треба да пополни три типа прашалници: за условите на живеење во домаќинството, за типот и квалитетот на станбениот простор и прашања за демографските, социолошките, економските и етно-културолошките белези на населението.

Пробниот попис ќе трае до крајот на месецот, а ќе бидат опфатени општините Гостивар, Кисела Вода, Зелениково, Штип, Радовиш, Куманово, Свети Николе, Кратово, Прилеп, Долнени, Струга, Кичево и Валандово.

Слично

Поврзани вести