СТАРТУВАШЕ ЛЕТНОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО: Нема да биде последно, и покрај желбата на најголем процент од граѓаните
И покрај силните
ветувања дека повеќе нема да се поместуваат срелките на часовникот, Европската
Унија уште еднаш покажува дека е неодлучна и во однос на ова прашање. Па така,
голема е веројатноста на есен повторно да го менуваме времето по зимско сметање.
Во Брисел засега нема никакви најави дека ќе се исполни желбата на граѓаните, да остане летното сметање на времето. Дури 84 проценти од жителите на ЕУ, кои учествуваа во глемото истражување во 2018 година за тоа дали времето треба да продолжи да се менува, одлучија дека со тоа треба да се престане еднаш засекогаш. Но, европските администратори само ги нотираа ваквите резултати.
Слично
