Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стартуваше изградбата на автопатот Кичево – Охрид

Стартуваше изградбата на автопатот Кичево – Охрид
Преку автопат долг 57 километри вреден 375 милиони евра се поврзуваат Кичево и Охрид. Инфраструктурен проект од кој се очекува да го олесни и забрза транспортот на патници и стока и да придонесе за економски и туристички развој. Стартот на изградбата започна денеска кај кичевското село „Извор“, во присуство на премиерот Никола Груевски, министри, амбасадори, градоначалници. - Ова е највисоката инфраструктурна инвестиција во последните 50 години во Македонија, порача Груевски. Новиот автопат почнува од Кичево, преку Подвис, Пресека и Песочани стигнува до Требеништа, од каде преку Подмолје се поврзува со Охрид. Ќе има две ленти со вкупна ширина од 25,2 метри, а на трасата ќе има и 6 натпатници и 13 потпатници, како и тунелот „Пресека” со две цевки. Автопатот ќе го гради кинеската компанија „Сајнохидро корпорејшн лимитед“. Градежните работи ќе почнат истовремено на три локации за да завршат за четири години. Во активностите ќе бидат вклучени и повеќе градежни и други компании од земјава. Согласно договорот, 51 процент од луѓето што ќе работат ќе бидат од Македонија, од општините кои гравитираат околу автопатот. Годинава треба да биде распишан повик за концесионер на автопатските делници Гостивар-Кичево и Скопје-Блаце.
Слично

Поврзани вести