Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТАРТУВА ЗА ДВА ЧАСА: Неколку општини одат во 80 часовен карантин

СТАРТУВА ЗА ДВА ЧАСА: Неколку општини одат во 80 часовен карантин

Вечерва во 21 часот почнува 80 часовниот карантин за Скопје, Куманово, Тетово и Штип.

Враќањето на рестрикциите следуваат по зголемувањето на новодијагностицираните пациенти со коронавирусот. 

Владата вчера донесе одлука за полициски час, целосна забрана за Скопје, Куманово, Липково, Штип, Тетово, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце, од четврток од 21 часот до понеделник до 5 часот наутро.

Во сите останати градови, се забранува движење на сите граѓани од четврток (4 јуни) од 21:00 часот до петок (5 јуни) до 05:00 часот наутро. 

Петок, сабота и недела во другите градови има забрана за движење од 16 часот до 5 часот следниот ден. 

Се забранува посета на гробиштата, освен за погреби. 

Денес има нови 120 заразени со коронавирусот. 

Неколку часа пред почеток на полицискиот час е забележан метеж во сообраќајот, но и гувжи во продавниците. 

Низ скопските маркети снема леб. 

Слично

Поврзани вести