Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стартува трката за наследникот на Зврлевски, во игра адвокати и професори

Стартува трката за наследникот на Зврлевски, во игра адвокати и професори

Откако започна постапката за разрешеување на јавниот обвинител Марко Зврлевски се зострува и трката за избор на неговиот наследник. Засега се шпекулира со имињата на адвокатот Александар Тортевски и професорите Гордан Калајџиев и Гордана Бужаровска кои се разгледуваат како наследници на првиот човек на Јавното обвинителство.

Според правниците, важно е идниот прв човек на обвинителството да работи во служба на граѓаните и добие поддршка од фелата. Сега ќе се чека и на Советот на јавни обвинители кои откако ќе биде доставен предлог до Собранието и распишан јавен оглас ќе мора да даде мислење за кандидатот. 

Роковите повторно течат за 15 дена, а ако и по нив Советот не се огласи ќе се смета дека нивното мислење е позитивно иако имаат право и негативно да се изјаснат. Сепак, тоа што веднаш се согласија со предлогот на владата Зврлевски да биде разрешен дава сигнал дека сакаат да соработуваат со новата извршна власт.


Слично

Поврзани вести