Започна санацијата на 13 мостови по автопатот Велес-Катланово
Министерот им се заблагодари на службите на НАТО за одвоените средства за реализација на овој значаен проект. Како што истакна претставникот на НАТО, Командантот на силите на КФОР во Косово Салваторе Фарина, проектот е од големо значење за НАТО и затоа решиле да ги надградат и поправат патиштата и мостовите од пристаништето во Солун до граничниот премин Блаце.
Во првите две фази од 2005 до 2009 година од Блаце до Велес, НАТО реновирале 29 мостови. Во втората фаза од Неготино до Гевгелија реновирани се 20 мостови.За нив северноатланската алијанса инвестираше 22 милиони евра.
Мнистерот Јанакиески се заблагодари на службите на НАТО за одвоените средства за реализација проектот за санирање на мостовите од Коридорот 10.
