Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТАРТУВА ОД ДЕНЕСКА: Забрана за достава на стока во потесното градско подрачје

СТАРТУВА ОД ДЕНЕСКА: Забрана за достава на стока во потесното градско подрачје

Градот Скопје oд денеска до март  воведува забрана за достава на стока во потесното градско подрачје во период од 7:30 до 18 часот.

Ова е една од 15-те итни мерки за намалување на загадувањето на амбиентниот воздух што ги презема Градот Скопје.

Одлуката се однесува за запирање за доставување стока во наведениот период, а не се однесува на движењето на возилата што ја доставуваат. Oваа забрана не се однесува на фирмите што имаат сопствен простор за доставување стока, туку само за оние што за доставата користат улица или тротоар.

Се смета дека 4.000 возила дневно дистрибуираат стока во централното градско подрачје.

Слично

Поврзани вести