Старото „Матично“ ќе биде за извидници
Објектот на матичната служба во скопско Дебар Маало, во кое се имаат склучено најмногу бракови во историјата на Македонија, ќе биде реконструиран во едукативно-креативен младински дом за извидници.
Пренамената на бараката на поранешното „Матично“ ќе биде со донаторски средства, најави градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ на „Четвртиот граѓански форум“.
„Со средства добиени како донација од УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка, како дел од проектот „Зајакнување на општинските совети“, општина Центар ќе го реновира објектот и тој ќе се користи како младински центар“ изјавил Богдановиќ.
Оваа матична служба со децении беше најпопуларна дестинација во рамки на Управата за водење на матични книги за судбоносното „ДА“ на илјадници брачни двојки.
Слично
