Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТАРО НОВ КАДАР ВО АВРМ: Кој ќе се справува со армијата невработени?

СТАРО НОВ КАДАР ВО АВРМ: Кој ќе се справува со армијата невработени?

За вршител на должноста  директор на Агенцијата за вработување на Република Македонија е именувана Билјана Јовановска, одлучи Владата. 

За неа може да се каже дека е старо - нов кадар кој ќе управува со институцијата која е задолжена за намалување на невработеноста. Претседателката на Партијата за економски промени 21, Билјана Јовановска, ќе биде старо-нова директорка на Агенцијата за вработување.

Таа денеска на својот Фејсбук профил напиша дека ќе се залага за демократска, успешна, слободна и европска Македонија. 

„Како дел од тимот на реформската Влада преводена од премиерот Зоран Заев, максимално продолжувам како и досега да се залагам за демократска, успешна, слободна и европска Македонија. Од денес и АВРМ и јас како нејзин директор ќе бидеме посветени и во служба на граѓаните“ - напиша Јовановска на Фејсбук. 

ДАЛИ  НЕЈЗИНОТО РАЗРЕШУВАЊЕ БЕШЕ ПОРАДИ НЕПОСЛУШНОСТ КОН ГРУЕВСКИ?

Јовановска ја извршуваше оваа функција за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во периодот од 2007 до 2010 година. Во интервју за Фактор, објавено на 22 март 2015 година кажува дека била член на партијата уште од студентските денови, а обавувала и повеќе високи партиски функции. 

Таа беше разрешена со образложение дека покажала незадоволителни резултати, но Јовановска тврдеше дека тоа е поради политички причини. 

„Бев гласна, критична, искрена и знаев јавно да искажам незадоволство или противење на политиките на тогашната матична партија ВМРО ДПМНЕ и политиките на Владата. Ме разрешија и тоа не ми беше важно, тоа е политика“ - вели Јовановска во интервјуто дадено за Фактор во март 2015 година. 

Јовановска тогаш обвинуваше дека е казнета затоа што одбила да биде послушник на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и тогашен премиер, Никола Груевски. Таа него жестоко го критикуваше Груевски. Во „бомбите“ кои ги објави опозицијата беше спомената таа и нејзиниот сопруг. Високи функционери од тогашната власт коментираа дека таа треба да добие показна вежба. На директорското место во АВРМ, Јовановска ја замени Влатко Поповски. 

Јовановска подоцна премина во партијата Обединети за Македонија на Љубе Бошкоски, и беше носител на пратеничката листа на ОМ на парламентарните избори во 2011 година во ИЕ1. 

Набрзо по изборите, Јовановска премина во ВМРО-НП на Љубчо Георгиевски, но и од оваа партија  подоцна замина и ја формираше ПЕП 21. Нејзината партија во текот на политичката криза даде поддршка на СДСМ и Зоран Заев.

Владата денеска именуваше 67 функционери, сите се вршители на должност. 

Одлуките за именување на функционерите и директорите на органите, државните управи и казнено поправните установи, денеска се објавени и во Службен весник на Македонија. 

Слично

Поврзани вести