Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стариот објект на Систина Мала Богородица ќе се стави во функција на ковид пациенти

Стариот објект на Систина Мала Богородица ќе се стави во функција на ковид пациенти

Медицинскиот персонал во клиниката Жан Митрев и Систина веќе имаат искуство со лекување на ковид пациенти. 

На состанокот со министерот за здравство, Венко Филипче една од опциите била и стариот објект на Систина Мала Богородица да се стави во функција. Таму има 100 кревети и би работеле тимови од приватните болници, објави Сител.

Орце Камчев изјави дека тоа е една од идеите и дека до недела треба да донесат конечна одлука. 

Сопствениците на приватните болници „Жан Митрев“, „Систина“ и „Ремедика“ попладнево беа на средба со министерот за здравство Венко Филипче, и оттаму излегоа со став дека се подготвени да помогнат. 

Слично

Поврзани вести