Економија, финансии, бизнис

Контакт

Старица загина во сообраќајка кај Кадрифаково

Старица загина во сообраќајка кај Кадрифаково

Старица загина во сообраќајна несреќа кај селото Кадрифаково. 

С.Д.(75) се здобила со тешките повреди  при превртување на автомобилот во кој се возела вчера и починала. 

Сообраќајката се случила на патот Штип-Велес кај селото Кадрифаково. Автомобил „дачија логан“ со скопски регистерски таблички, управуван од 51-годишниот скопанец Д.Д., во еден момент излетал од коловозот, при што и возачот и жената задобиле тешки телесни повреди.

Двајцата биле пренесени во Клиничкиот центар во Штип и им била укажана лекарска помош. По два часа од несреќата жената починала. Возачот е задржан на лекување.

Слично

Поврзани вести