Старица изгоре во пожар во Долни Подлог
Старица изгоре во пожар во кочанско.
Во селото Долни Подлог од засега непознати причини избил пожар во плевна сопственост на Д.С. (85), при што внатре е пронајдена почината неговата сопруга Љ.С. (84).
Дедото обидувајќи се да ја спаси сопругата се здобил со телесни повреди, изгореници во пределот на лицето и телото и бил пренесен во МЦ-Кочани каде бил задржан на лекување.
Пожарот бил изгаснат од екипа на противпожарната единица.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од полициската станица -Кочани.
Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Слично
