Старешина бил принуден да пука, имало инцидент во касарната Илинден
Во касарната Илинден имало инцидент.
Дежурниот старешина во скопската касарна Илинден синоќа во 22.40 часот пријавил дека стражар – војник, кој бил на стражарско место од страна на улицата Македонско- косовска бригада, испукал еден предупредувачки куршум откако кон неговото стажарско место се движеле две машки лица кои не застанале и продолжиле со движење и по неговото предупредување. Војникот непосредно потоа слушнал како лицата неколкупати истрелале. Полицајци излегле на местото и е пронајдена една чаура. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.
Слично
