Економија, финансии, бизнис

Контакт

Старец прегазен на патот Гостивар - Тетово

Старец прегазен на патот Гостивар - Тетово

Н.О. (78) од гостиварска Горна Бањица загинал во сообраќајна несреќа што синоќа во 20.25 часот се случила на автопатот Гостивар – Тетово кај селото Пирок.

Него го удрило возило додека одел покрај патот, а возачот избегал. Старецот од здобиените повреди починал на самото место. 

Смртта  ја констатирал дежурен лекар од службата за Брза помош кој пристигнал на местото, а увид извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Тетово.

Обвинителството телото на починатиот го предало на обдукција.

Полицијата трага по возачот. 


Слично

Поврзани вести