Економија, финансии, бизнис

Контакт

Старец од Матејче се задуши од чад, му се запалил домот

Старец од Матејче се задуши од чад, му се запалил домот

Жител на липковското село Матејче починал вчера откако се задушил од чад во пожарот кој избувнал во неговата куќа. 

Вчера во 19.30 часот во куќата на 75-годишниот Ш.М од засега непознати причини избувнал пожар во кој биле зафатени две соби, информираат од полицијата.  Телото на починатиот е пронајдено во бањата. Лекар од медицинска помош констатирал смрт предизвикана од вдишување чад.

Од територијалната Противпожарна единица информираат дека кај нив пожарот бил пријавен во 19.45 часот. Таму се упатиле противпожарни екипи кои го ставиле пожарот под контрола во 21.45 часот.  


Слично

Поврзани вести