Стар Театар за нова драма во Скопје 2014: фрчат кривични на сите страни!
Обвинувања, кривични пријави, тужби и контра тужби. Скопје 2014 ја бранува јавноста. Дека „Скопје 2014“ допрва почнува да ја разгорува политичката арена зборува и фактот што дури и приведувањето на претседателот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ, се поврзува токму со „Скопје 2014“. Шиповиќ според опозицијата е приведен за да се прикријат трагите за криминал на контроверзниот проект. Само неколку дена по овој настан опозицијата побара кривично гонење на министерката Елизабета Канчевска Милевска, бидејќи токму министерството за култура е клучно во спроеведување на проектот „Скопје 2014“. Денеска на тапет СДСМ го стави стариот театар.
„Овој објект првично беше најавен дека ќе чини 6 милиони евра. Но, неговата вредност, односно потрошените народни пари, како и за други објекти од овој проект на власта, неколкукратно пораснаа. Заедно со сите анекси, договори за предвидени и непредвидени работи, објектот „Стар театар“ до денес ги чини граѓаните неверојатни 39 милиони евра. Замислете, дури шест и пол пати повеќе од првично планираната односно најавена вредност.
Според податоците достапни од Бирото за јавни набавки, за овој објект, освен основниот договор склучени се дополнителни 40 договори, или анекс на договор во вредност од над 33 милиони евра. Ако се погледне за што се склучени овие 40 договори и анекси, испаѓа власта сакала да прави театар ама не предвидела во тој театар да има мебел, ентериерна опрема, осветлување (број на оглас 22/2010) завеси за сценскиот простор, градежно занаетчиски работи, хидротехнички работи....“, рече Петре ШилеГов, СДСМ.
Одговор од Министерството за култура
Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов на денешната пресконференција кажа груби лаги и невистини пред новиот објект на Макдонскиот народен театар, во врска со изјавите за склучување на договори и анекс на договори во четири очи за изградбата на театарот, се вели во реакцијата на Министерството за култура од каде најавија кривична пријава против него.
„Очигледно е дека вие и вашата партија не знаете што значи да се изгради ваков репрезентативен објект затоа што, само за потсетување, ја имавте истата можност, но тоа не го направивте. Очигледно е дека ви останува само сето она што оваа Влада и инистерството за култура го изградија и го направија за уметниците да го девалвирате користејќи го за дневно политички цели и партиски интереси. Денешната прес-конференција е само уште еден неуспешен обид, манипулирајќи со јавноста да ја скриете својата фрустрираност, неспособност и немоќ“, се вели во писмената реакција од Министерството за култура.
Како се градеше театарот?
Новиот театар што е изграден врз темелите на стариот театар, кој се урна во земјотресот во 1963 година има површина од 7.200 квадратни метри. Аудиториумот на објектот е поделен на голема сала со партер, две галерии со вкупно 724 седишта, како и мала сала со 213 седишта. Надлежните веќе подолго време најавуваат дека со изградбата на „Стариот театар“, Македонија за првпат добива современ театарски простор во кој ќе се реализираат бројни содржини со високи технички перформанси.
Пожар и куп одложувања на градежните работи ја следеа изградбата на театарот, а покрај првичниот, со многуте дополнително потпишани договори за дореализација на проектот, сумата за изградба на објектот неколкукратно е надмината.
Првично, театарот требаше да биде готов кон крајот на 2009 година. Според последните најави, требаше да пуштен во употреба на 27 март- Светскиот ден на театарот, но и тоа не се случи. Објектот е дел од проектот „Скопје 2014“ и почна да се гради на почетокот на 2007 година, според идејното решение на архитектот Јован Стефановски-Жан. Главен изведувач на Стариот театар е градежната компанија Бетон од Штип.
Надлежните првично најавија дека изградбата на објектот ќе чини 6 милиони евра.

Слично