Стапува во сила новата Одлука на Владата за ограничување на пловидбата за пловните објекти на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро
Од Капетанија на пристаништата - Охрид информираат дека стапува во сила новата Одлука на Владата за ограничување на пловидбата за пловните објекти на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро.
Со оваа одлука се ограничува пловидбата за пловни објекти - чамци и скутери на целата водена површина на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро, заради безбедност на учесниците во пловидбата, човечките животи и животната и/или природната средина.
„По исклучок од ставот 1 на овој член, ограничувањето не се однесува на чамците и скутерите за јавни потреби за вршење инспекциски, царински и полициски надзор, за чамците кои ги користи субјектот на кој му е дадена концесија за стопански рекреативен риболов, како и за чамците за стопански цели - регистрирани за превоз на патници. Ограничувањето од член 1 став 1 од оваа одлука за чамците се однесува за периодот: - од 3 јуни до 31 август 2026 година во времетраење од 21:00 до 5:00 часот секој ден, - од 1 септември до 30 септември 2026 година во времетраење од 20:00 до 6:00 часот секој ден и од 1 октомври до 31 октомври 2026 година во времетраење од 19:00 до 6:00 часот секој ден“, стои во соопштението.
Ограничувањето од член 1 став 1 од оваа одлука за скутерите се однесува за периодот од 1 јули до 31 август 2026 година во времетраење од 11 до 19 часот секој ден.
foto printskrin youtube
