Економија, финансии, бизнис

Контакт

Станот на поранешната СФРЈ лоциран во Трст ќе им припадне на Македонија и Србија

Станот на поранешната СФРЈ лоциран во Трст ќе им припадне на Македонија и Србија

Македонија и Србија добија стан на поранешна СФРЈ во Трст. 

Земјите наследнички се согласија на двете земји да им го доделат станот на СФРЈ во Трст, oбјави словенечкото Министерство за надворешни работи. Како што јави дописникот на МИА од Белград, станот во последните години го користел студентскиот дом „Среќко Косовел“ во Трст. Државите наследнички го поделија целиот дипломатски имот на поранешната СФРЈ во регионот на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).  При крај е последната од петте продажби на недвижности во Токио, Бон, Берн и Њујорк.

Српското МНР вчера информираше дека амбасадорот на Србија во Швајцарија, Горан Брадиќ, по овластување и наредба на шефот на дипломатијата Никола Селаковиќ, потпишал купопродажен договор со амбасадорот на Северна Македонија во Швајцарија, Кенан Рамадани, за купување на косопственичкиот удел на Северна Македонија над зградата на Амбасадата на поранешна СФРЈ во Берн. Со тоа на Македонија ќе и се исплати нејзиниот удел од осум отсто од зградата во која се наоѓа Амбасадата.

Пред повеќе од пред 10 години вредноста на имотот на поранешна СФРЈ била проценета на 42 милиони долари. Станува збор за над 100 недвижнини. 

Слично

Поврзани вести