Економија, финансии, бизнис

Контакт

Станковска: Децата не се криминалци за да им се проверуваат ранците

Станковска: Децата не се криминалци за да им се проверуваат ранците

Ивана Станковска, м-р по клиничка психологија, е против претресување од полиција пред училишта. Денеска МВР објави дека патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, заедно со инспектори за малолетничка деликвенција и претставници од центрите за социјална работа, направиле преглед на ученици во близина на училишта, со цел откривање на предмети кои се забранети согласно закон.

Оваа идеја ми остава впечаток на фаст фуд решение. Брза е, лесна е, примамлива и крајно нездрава. Доколку сакаме животот да си го отежниме, ќе бираме лесни, фаст фуд решенија за било кој проблем. Доколку сакаме животот да си го олесниме, ќе бираме суштински, долготрајни и можеби потешки стратегии. Зашто велам потешки, затоа што ќе бараат поголема ангажираност, промисленост и поголемо учество од сите засегнати страни во образовниот систем (стручна служба, наставници, родители, институции), отколку само полиција која ќе ги третира децата како криминалци. Зашто е погрешно како мерка за безбедност да се третираат децата како криминалци, излишно е да се образложува – вели магистар Станковска за „Република“.

Според Станковска, потребни ни се мерки насочени кон сите актери во воспитно образовниот систем, институциите, образовната програма, наставниците, а последно децата.

„Квалитетен воспитно-образовен систем е најважната мерка, која не е ни мерка, туку вредност, неопходност. На учениците им е потребен стабилен, креативен и здрав систем од кој ќе црпат ресурси за својот развој и на кој ќе се потпираат. Наставници кои ќе имаат свој авторитет. Образовен систем ослободен од корупција, непотизам и партизација. Последно на листата приоритети се мерки насочени кон учениците, бидејќи децата не се проблем; децата само го манифестираат она кое возрасните го создале“, вели таа.

Совет на Станковска е активно да се сослушуваат учениците за за нивните идеи и за нивните проблеми.

Слично

Поврзани вести