Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Стандард“: Од Северна Македонија доаѓаат Албанци-исламисти, но и луѓе како министерот Насер Нуредини

„Стандард“: Од Северна Македонија доаѓаат Албанци-исламисти, но и луѓе како министерот Насер Нуредини

Австриски „Стандард“, инаку еден од највлијателните медиуми во Австрија, во денешното електронско издание пишува дека во земјата живее хетерогено албанско население со потекло од Северна Македонија меѓу кое има потенцијални исламисти, по неодамнешниот терористички напад во Виена, но и дека има успешни примери како актуелниот министер за животна средина Насер Нуредини.

„Ништо не би било поопасно од кампањата против муслиманите во Австрија за која гласно повикаа десните екстремисти. Примерот за радикализација на младите Албанци од Северна Македонија и Косово го потврдува предупредувањето од политикологот Нина Шолц во нејзиниот коментар дека моќта и опасноста на идеологијата на политичкиот ислам не можат да се потценат. Патем, Албанците во Австрија не само што се хетерогени, туку и доста успешни. Тројца полицајци кои биле во акција против атентаторот имаат косовски корени, а сопственик на еден од најдобрите виенски ресторани е, на пример, албански мигрант од Северна Македонија, чиј син неодамна стана министер за животна средина на Северна Македонија“, пишува денеска „Стандард“ во објавата со наслов „Албанците и исламизмот во Австрија“.

Изданието пишува дека Албанците се поделена нација - 2,8 милиони живеат во Албанија, 1,8 милиони во Република Косово, над половина милион во Македонија, помеѓу 30 000 и 40 000 во Црна Гора. Нема сигурни проценки за големината на албанска дијаспора. Во Швајцарија има над 200.000 луѓе со албанско потекло, главно од Косово и Северна Македонија. Според информациите од косовската амбасада, околу 30 000 Косовари и 40 000 натурализирани Албанци од поранешната српска покраина живеат во Австрија. Многу постари Албанци се статистички запишани како Македонци, па дури и Срби. 

„Терористичкиот напад, во кој беа убиени четири лица во Виена, беше исто така длабоко симболична трагедија за албанската дијаспора. Сторителот и неговата прва жртва биле австриски државјани, кои пораснале во Виена, и двајцата биле Албанци од Македонија, припадници на муслиманското малцинство во таа република од поранешна Југославија, која од 2018 година се нарекува Северна Македонија“, продолжува „Стандард“.

Иако албанското малцинство во Северна Македонија направи голем напредок на патот кон еднаквоста уште од граѓанската војна во 2001 година, дури и до учеството на неколку албански партии во владата, под влијание на проповедниците на омраза, придонесе за појава на прекугранични исламистички мрежи во Виена, Винтертур и во Централна Европа. 

„На патот што го поминаа младите Албанци од етнонационализам до исламски фундаменталисти, важна улога по војната во Југославија во Косово и Северна Македонија одиграа и исламските организации за помош од арапскиот регион и Турција“, додава „Стандард“.



Слично

Поврзани вести