Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Стандард и пур“ го симна рејтингот на Русија на „ѓубре“

„Стандард и пур“ го симна рејтингот на Русија на „ѓубре“
Американската рејтинг агенцијата „Стандард и пур“ го намали кредитниот рејтинг на Русија под стапката за инвестирање, односно од БББ - и даде рејтинг од ББ+ или таканаречен „ѓубре” (junk) статус. Со тоа рејтинг агенцијата ја стави Русија на истото ниво со Индонезија и Бугарија. Нискиот рејтинг ќе и отежне на Русија да позајмува пари од кредиторите. Причините за намалување на рејтингот, според агенцијата, е намалувањето на вредноста на рубљата и намалувањето на буџетските приходи од извозот на нафта и гас. Агенцијата очекува влошување на руската економија, која е тешко погодена и од санкциите кои Западот ги воведе кон неа поради украинската криза. Ваков пад на кредитниот рејтинг на Русија се нема случено во изминатата деценија.
Слично

Поврзани вести