СТАНБЕНИТЕ КРЕДИТИ НАЈБАРАНИ - растат и заштедите на граѓаните и компаниите
Во октомври се бележи годишен раст на вкупните депозити од 11,8 проценти, како и на вкупните кредити за 12,1 процент.
- Порастот на вкупните депозити, пред се, се должи на растот на депозитите кај домаќинствата, а растот кај кредитите произлегува од зголемените кредити на корпоративниот сектор.
Физичките лица најмногу земале потрошувачки и станбени кредити и кај нив е забележан годишен раст соодветно од 10,2 проценти и 16,1 проценти - се посочува во соопштението на Народна банка на Македонија.
Од таму додаваат дека кај автомобилските кредити се бележи намалување на годишно ниво од 1,9 проценти.
Пад на годишно ниво бележат и кредитите одобрени на кредитни картички.
Бројките кои ги објави НБРСМ покажуваат дека вкупните депозити, односно парите кои граѓаните и компаниите ги чуваат во банките достигнува до 10,3 милијарди евра, а од друга страна вкупниот долг на граѓаните и компаниите кон банките е 8,7 милијарди евра.
