„СТАНАВМЕ ПИТАЧИ, ПАЃАМЕ ВО ТРАНС АКО НЕКОЈ Е НЕЖЕН СО НАС И КАЖЕ НЕКОЈ УБАВ ЗБОР“: Ванковска за извештајот
И професорката Билјана Ванковска се огласи за извештајот за Македонија. Вели дека не го следи детално, но дека не малтретираат и понижуваат со децении.
„Не успевам да го следам оној садомазо чин во ЕП, но знам само едно: не заради тоа што нѐ малтретираат и понижуваат со децении, туку затоа што се тие едни лицемерни профитери и милитаристи, јас никогаш не би сакала да влеземе во Унија што се самоубива, а притоа навива и за уште повеќе војни и смрт.
Тоа го кажав лани за време на кампањата: ваква ЕУ/Европа не е и не смее да биде наша стратегиска цел. Нѐ издресираа (и домашните и западните) елити да веруваме дека нивните трошки значат благосостојба. И станавме питачи. А нашиот идентитет им е мезе на масата. Паѓаме во транс ако некој е нежен со нас и каже некој убав збор. А таа Европа е повеќе налик на онаа блудницата отколку на Ветена земја.
Многу поголем проблем од нивниот однос кон нас е нашиот однос кон себе си. Заблудени со “европска симфонија” (која станала војнички марш), со “европски вредности” (од кои нема ни “в”), ние престанавме да се сакаме и почитуваме. Се води токсична политика внатре, како да е малку отровот од надвор.
Ќе има ли маж или жена да каже: НЕ за ваква ЕУ! ? Тоа нема да нѐ направи помалку европјани, ние тоа сме, ама ни треба приклучок кон вистинската авангарда, антивоените и антикорпорациските пијавици. Нѐ има ама вие, тивкото мнозинство, уште се плашите да кажете “Царот е гол”.
Ѝ се прди на Европа за нас (Горан Стефановски)“, напиша таа.
Слично
