Станари од пожарот во Аеродром: Ќе изгоревме како глувци
Пожарот кој ја зафати зградата во скопски Аеродром е изгаснат и нема повредени.
Седум возила го гаселе огнот кој пеплоса подруми на зградата број 10 на улицата Владимир Комаров, причината најверојатно лежи во неисправната стара инсталација , а постојат сомневања дека експлодирал заедничкиот струјомер.
Оваа зграда е стара а станарите како што пренесува Макфакс велат дека слушнале неколку силни експлозии, пред да го почувствуваат чадот, но не се посомневале на пожар поради силниот дожд и грмотевиците. „Влегов да се бањам кога слушнав пукање и чад почна да влегува од вратата“, вели станарка на последниот кат, додека други велат оти во ходниците ништо не се гледало од чадот кој се ширел од отворот за лифтот. Токму во периодот на пожарот , Скопје беше под бран на силен пороен дожд, па станарите накиснати коментирале и дека Господ им помогнал со дождот инаку ќе изгореле како глувци. Сите станари биле евакуирани, а пожарникарите навреме стигнале и реагирале соодветно.
