Станале милионери, но се вратиле на работа
Во петокот навечер се извлечени добитниците на „Euromilions jackpot“, а среќниците се пронајдени во Ирска.
Таму 22 возачи на автобуси во Даблин станале милионери, а добивката била 24 милиони евра.
Како што пишува Irish Times на секој од нив му припаднал повеќе од милион. Но, она што изненадува е дека пет од нив во понеделникот се вратиле на работа и продолжиле да работат. Другите останале на мал одмор, но и тие ќе продолжат со работа.
Началникот на автобусите во Даблин, Лери О Брајен вели дека возрасните луѓе имаат потреба да се вратат на работа.
Тој додава дека некои од новите милионери се 40 години со колегите и се добра екипа, така што не би се откажале од работата.
Слично
