Економија, финансии, бизнис

Контакт

Станаа поактивни во контролите: Инспекторатот за животна средина цел на хакери

Станаа поактивни во контролите: Инспекторатот за животна средина цел на хакери

Државниот инспекторат за животна средина бил цел на хакерски напад, соопштија денеска оттаму. Информираат дека синоќа околу полноќ поголем број медиуми добиле стари соопштенија испратени од е-мејл адреси на Државниот инспекторат за животна средина.
„Според првичните информации, во консултации со стручни лица, потврдено е дека станува збор за хакерски напад во е-мејл платформата на Инспекторатот.

Овој настан го сметаме за притисок врз работата и сакаме да ја известиме целата јавност дека ќе продолжиме со извршување на нашата работа, на транспарентен и отчетен начин, упорно и неселективно, стои во известувањето на Инспекторатот.

Од неодамна оваа институција стана поактивна во контролите и за својата работа доста известува на социјалните мрежи

Слично

Поврзани вести