СТАНА ДЕДО ПО ВТОР ПАТ - спикерот Талат Џафери ја доби внуката Ајола
Спикерот Талат Џафери доби уште едно внуче, внуката Ајола.
Тој оваа радосна вест ја сподели со јавноста, објавувајќи ја на својот фејсбук профил.
„Дедо по втор пат! Денес нашето семејство се збогати со уште еден нов член, ни дојде внуката - Ајола! Добредојде меѓу нас ангел, дедо ти посакува убаво растење, здравје и среќа во секој чекор во животот!“, објави претседателот на македонското Собрание Талат Џафери на својот фејсбук профил.

Фактор му честита на претседателот Џафери.
Слично
