СТАН ОД САМО 38 КВАДРАТИ, СЕ ПРОДАВА ЗА „САМО“ 150 ИЛЈАДИ ЕВРА: Лоциран на Халкидики на 400 метри од плажа, лавина реакции на граѓаните
Целосно опремен стан во Афитос, Халкидики, со големина од 38 квадрати и со одалеченост од море од 400 метри, се продава по неверојатно висока цена од 150 илјади евра.
Огласот беше објавен на социјалните мрежи од српска агенција за недвижности и предизвика лавина од негативни коментари.
Воглавно, коментарите беа за високата цена од 4 илјади евра по метар квадратен.
Се продава стан во Афитос, Халкидики. Површина: 38м2, Кат: 1, Година: 2003, Ориентација: североисток, Оддалеченост од море: 400м, Данок на пренос: 3%. Станот се наоѓа во комплекс и има дневна соба со кујна, 2 спални соби, бања, тераса со поглед на море, ПВЦ прозорци, мрежи против комарци, клима уред, сигурносна врата. Се продава со целиот мебел и електрични апарати. Информациите за имотот се објавени врз основа на изјавата на сопственикот. За повеќе информации, пишете во инбокс. Цена 150.000 евра.
