Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стаменковска: Фрчковистичкиот совет ќе ги понижи судиите

Стаменковска: Фрчковистичкиот совет ќе ги понижи судиите

Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната партиска прес-конференција го критикуваше новоформираниот совет за реформи во судството и од сите членови најмногу го издвои професорот Љубомир Фрчковски како несоодветен кадар за најавените промени. 

- СДС со Фрчковистички совет ќе се обиде да го контролира судството и да инсталира нови „Катици“, вели Стаменковска

Таа додаде дека „безобразно е сега Зоран Заев да го предлага лустрираниот Љубомир Фрчковски за реформатор на судството, исто како што е безобразно на претседателот на комисијата за политички систем на СДС, Маргарита Цаца Николовска да и се даде овластување да го реформира судството по теркот на Заев.“

– Во Фрчковистичкиот совет за реформи, Заев си ги предложи и Гордан Калајџиев и Мирјана Најческа само затоа што со него заедно фрлаа со боја врз државните институции.  Во советот за реформи нема ниту еден претседател на најголемите судови во Република Македонија, вклучувајќи го и претседателот на Врховниот суд, како претставник на фелата. Овој совет на СДС има за цел целосно да го покори правниот систем, да ги понижи судиите и да ги натера да му се поклонуваат на Зоран Заев – додаде Стаменковска.


Слично

Поврзани вести