Стаменковска: Ако ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, примателите на социјална помош ќе добиеја покачување од 10%
Oд ВМРО-ДПМНЕ велат дека Владата на СДС спроведе ребаланс на буџет од кој јавноста виде дека ќе се зголемуваат ставки за договорни услуги, ќе се отвора простор за партиски вработувања, но затоа ќе се кратат средства за градинки, пензионерски домови и за дневни центри за згрижување на деца со посебни потреби.
Ова денеска го изјави на прес-конференција Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.
„Тоа значи дека ако ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, оваа година примателите на социјална помош ќе добиеја поголема социјална помош за 10,6 проценти. Тоа е вистинската грижа и одговорност која граѓаните сакаат да ја видат и од СДС. ВМРО-ДПМНЕ како еден од своите врвни приоритети го има подобрувањето на животниот стандард, подобрувањето на условите за живот и намалувањето на социјалниот ризик за примателите на социјална парична помош“ – изјави Стаменковска.
