Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стаменковска: 9 милиони денари годишнo ќе земаат специјалните советници на Заев

Стаменковска: 9 милиони денари годишнo ќе земаат специјалните советници на Заев

Невенка Стаменковска на партиската конференција на ВМРО-ДПМНЕ го обвини премиерот Зоран Заев за зголемениот број на специјални советници кои државата ќе ја чинат 9 милиони денари годишно, а како што вели антиреформската влада на СДСМ ќе им плаќа на луѓето кои го уништија невладиниот сектор одработувајќи за интересите на владејачката партија.

- Најмалку 9 милиони денари годишно чини бруто платата која ќе ја земаат 13 т.н. специјални советници на Зоран Заев, кои дефинитивно докажаа дека нивната цел никогаш не била да бидат невладин коректив на власта, туку да седнат на фотелји и да станат владини чиновници.

9 милиони денари годишно Македонија ќе им плаќа на профитерите кои изминативе години додека глумеа невладин сектор направија стотици илјади евра штета, сквернавеа споменици, уништуваа државен имот, ја палеа и ограбуваа канцеларијата на Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, рече Стаменковска.


Слично

Поврзани вести