Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стаклена пирамида ќе се гради на плоштадот во Прилеп

Стаклена пирамида ќе се гради на плоштадот во Прилеп
Прилеп ќе гради стаклена пирамида со футуристички дизајн, објект што наскоро ќе се најде на плоштадот „Александрија”. Современиот проект е замислен со мултинаменска примена,  па така во него ќе биде сместена современа кино сала со 3 Де проекција, ќе има симулирање на планетариум, а ќе биде  користен и за литературни средби, најразлични поетско-драмски читања, потоа како место за културно – книжевни промоции, а и како  центар за регистрација на идните  брачните парови. Како што информираат од општината, дизајнот на овој објект замислен е како челична конструкција  во комбинација со стакло, а неговиот дизајн ги воодушеви сите љубители на модерната архитектура. Надворешните пирамидални зидови ќе бидат со димензии  10 x 10 м, а висината  12 м. Внатрешноста на ова мултимедијално плато ќе изнесува 200м2, а ќе се пристапува со  скали и пристапна  рампа од страната на тротоарот на Булеварот. Неговата изградба е предвидена за втората половина од годината.
Слично

Поврзани вести