Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стадионот во Струмица се подготвува за одбележувањето на 36 години ВМРО-ДПМНЕ

Стадионот во Струмица се подготвува за одбележувањето на 36 години ВМРО-ДПМНЕ

На стадионот „Младост“ се подготвува просторот за големиот партиски собир, се поставува бинска и техничка опрема, а организациските тимови ги прават последните подготовки пред настанот. Според најавите, се очекува присуство на членови и симпатизери од Струмица, но и од други општини.

Подготовките следуваат по состанокот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струмица, на кој претседателот Методија Пасков им се заблагодарил на членовите и симпатизерите за поддршката, енергијата и посветеноста. Тој порачал дека единството и заедништвото ќе бидат основа за идното делување на струмичката партиска организација.

Пасков упатил благодарност и до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за довербата и поддршката, оценувајќи дека неговото лидерство е дополнителен мотив за работа во интерес на граѓаните и државата.

Во обраќањето била изразена благодарност и до Жан Дрвошанов за досегашниот придонес во партиската организација. Од струмичкиот огранок најавуваат период на реформи, реорганизација и дополнително зацврстување на партиските структури.

Од ВМРО-ДПМНЕ Струмица упатија повик до членството и симпатизерите за масовно присуство на централниот настан на Градскиот стадион „Младост“.

„Обединети и посветени, продолжуваме силно напред“, е пораката испратена од состанокот на струмичкиот огранок.

ФОТО: СТРУМИЦА ДЕНЕС

Слично

Поврзани вести